Вашиот прелистувач не поддржува JavaScript кој е неопходен за правилно функционирање на сајтот.
IZUM Izobraževanje

Класични курсеви, презентации …

IZUM home page

COBISS Кооперативен онлајн библиографски систем и сервиси COBISS

Пријава, одјава, доделување привилегии

Курсевите се одржуваат во Центарот за обука на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, бул. Гоце Делчев 6, Скопје. Бројот на учесници на одделен курс е ограничен на 12 (секој учесник има свој персонален компјутер). Курсевите траат од 9.00 до 16.30 ч. првиот ден, а останатите денови од 8.30 до 16.00 ч.

Ќе ги прифатиме само оние пријави и одјави што ќе ги добиеме најмалку 7 дена пред предвидениот почеток на курсот. Најдоцна 5 дена пред почетокот на курсот ќе ве известиме дали се пријавите потврдени. Доколку заради малиот број пријави (помалку од 5 учесници) курсот треба да се откаже, за тоа ќе ги известиме кандидатите по електронска пошта, а ќе им дадеме можност да се пријават за следниот термин. Во случај на одржување на курсот, на учесниците ќе им биде овозможен и увид во електронските слајдови за курсот на порталот Образование.

За учество на курсевите COBISS се плаќа котизација. Цената за 1 лице за 1 ден изнесува 1.000,00 денари.

Важно!

Се подразбира дека пријавувањето на курсевите се одвива во договор со управата на вашата библиотека т.е. установа. Лицето за контакт за COBISS во вашата библиотека или директорот на библиотека т.е. установата најдоцна 5 дена пред почетокот на курсот мора да достави нарачка (допис) по електронска и/или класична пошта со која ја потврдува вашата пријава и намирувањето на котизацијата. Дури со ова потврдување се смета дека сте си обезбедиле место и сте официјално учесник на курсот.

Доколку учеството на курсот го плаќате сами, уплатата на котизацијата треба да се изврши на жиро-сметката на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје, депонентна банка НБРМ-Скопје, трезорска сметка бр. 100000000063095, жиро сметка бр. 180100872978712, програма 20, приходно конто 725939, со дознака „Котизација за курс COBISS“. Копија од уплатата треба да испратите по електронска пошта на cobissizo@nubsk.edu.mk.

По завршување на класичниот курс, учесниците што присуствувале на целиот курс добиваат потврда за учество на курсот. Истовремено, во централниот регистар на корисници програмски им се доделуваат соодветни привилегии за работа во системот COBISS. Кога се доделени привилегиите во лични папки на учесниците на курсот, за работење во библиотеката ги потврдува и тамошниот администратор за COBISS.

За секој курс се наведени подетални информации за термините, траењето, програмите, литературата, потребното предзнаење за учество на курсевите, предавачите и забелешки. Редоследот на учество на курсевите во некои случаи е условен, што е посебно опишано во условите и забелешките за одделен курс. Списокот со курсеви кои се услов за учество на друг курс и еднакво вреднуваните курсеви од минатите години е даден на крајот од публикацијата во Додаток А.

Содржината на програмата за образование е достапна преку веб-серверот на ВБМ (http://obrazovanje.vbm.mk/). За сите евентуални дополнителни информации јавете се на телефон 02 3230 151, лок. 200 или испратете го прашањето по електронска пошта на адреса cobissizo@nubsk.edu.mk.

Датум на последна измена: 5. 4. 2019


Онлајн-евиденции

Пристап до регистрациите

Регистрирани корисници
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПОРТАЛОТ

Ваша е-пошта:

Лозинка:

Дали ви е потребна помош?

Телефон:
(02) 3230 151, лок. 200

Е-пошта: cobissizo@nubsk.edu.mk

© 1997-2024 IZUM | V 5.2