Вашиот прелистувач не поддржува JavaScript кој е неопходен за правилно функционирање на сајтот.
IZUM Izobraževanje

Е-прирачници

IZUM home page

COBISS Кооперативен онлајн библиографски систем и сервиси COBISS

Упатства за прегледување

  1. За пристап до содржината на е-прирачниците, на левата страна од прозорецот ја избирате опцијата Список на прирачници и други упатства. Кога ќе се отвори прозорецот со списокот на сите е-прирачници во системот COBISS.MK, кликнувате на саканиот прирачник за да ви се отвори неговата основна страница.
  2. На основната страница на прирачникот во е-содржината се наведени линковите до одделните делови на прирачникот т.е. одделни датотеки во формат pdf со описи на полињата/потполињата (прирачници за форматот COMARC) или поглавја/потпоглавја (прирачниците за работење со програмската поддршка). Ако кликнете на линк до одделна библиотека, се отвора прозорец на читачот Adobe Acrobat Reader.
  3. За увид во комплетната содржина на прирачникот, на основната страница на прирачникот го избирате линкот Комплетен прирачник. Притоа важи предупредувањето дека преземањето на содржината може да трае подолго време заради големиот обем на заедничката датотека.
  4. Ако сакате да ги погледнете досега вклучените измени на прирачникот, на основната страница на прирачникот го избирате линкот Досегашни измени. Се отвора прозорец со список на изданија на измените на прирачникот кој е уреден по редослед на изданијата (од најновото до најстарото).
  5. Ако сакате да дознаете во кои датотеки дошло до измени при некое издание, кликнувате на линкот од тоа издание на измени. Се отвора датотека која содржи страници со измените. За ажурирање на печатената верзија на прирачниците страниците наведени во колоната „Страници со измени“ треба да се заменат, додадат или да се отстранат.
  6. Ако сакате да видите какви биле измените, во е-содржината на прирачникот ја избирате соодветната датотека, после што се отвора прозорец на читачот. Ако покрај левиот или десниот раб на страницата е нацртана вертикална линија, тоа значи дека на тоа место е вклучено дополнување или измена на оној датум што е запишан во подножјето на страницата.

При прегледување на содржината на датотеката во форматот pdf ги користите опциите што ги нуди читачот. Кога ќе го завршите прегледувањето, прозорецот на читачот го затворате, со што се враќате на местото на кое сте биле претходно (на содржината или на списокот на изданија на измените).


Онлајн-евиденции

Пристап до регистрациите

Регистрирани корисници
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПОРТАЛОТ

Ваша е-пошта:

Лозинка:

Дали ви е потребна помош?

Телефон:
(02) 3230 151, лок. 200

Е-пошта: cobissizo@nubsk.edu.mk

© 1997-2024 IZUM | V 5.0.10