Вашиот прелистувач не поддржува JavaScript кој е неопходен за правилно функционирање на сајтот.
IZUM Izobraževanje

Лиценци за заемна каталогизација

IZUM home page

COBISS Кооперативен онлајн библиографски систем и сервиси COBISS

Постапка за добивање лиценца

Дозвола за заемна каталогизација А

  1. Постапката за добивање лиценца за заемна каталогизација се одвива во согласност со Правилникот за издавање дозволи за заемна каталогизација од 26.3.2010. Постапката за добивање дозвола А може да започне доколку кандидатот, кој сака да ја добие оваа дозвола, ги исполнува следните услови:
  • има завршено високо образование
  • ја завршил обуката која е задолжителна за добивање на дозволата А и е дефинирана во програмата за обука за заемна каталогизација
  • во тестната околина на системот COBISS.MK самостојно креирал најмалку 30 библиографски записи за различни видови монографски публикации.
  1. За добивање на дозволата A библиотеката мора да испрати барање до Центарот ВБМ, чијшто образец е достапен на порталот Образование. Ако кандидатот не е вработен во библиотека, барањето до Центарот ВБМ го доставува сам. Доколку Центарот ВБМ врз основа на податоците од барањето или својата евиденција утврди дека кандидатот не ги исполува условите од точката (1) или за тоа постои сомневање, го повикува кандидатот во рок од 15 дена од приемот на барањето да му ги достави на Центарот ВБМ потребните докази. Доколку кандидатот во дадениот рок не го дополни барањето, истото се смета дека не е поднесено.

  2. Центарот ВБМ е должен во рок од 30 дена од приемот на потполното барање од точка (2) да провери дали записите од третата алинеја на точката (1) се креирани во согласност со важечките правила за каталогизација и во согласност со правилата на форматот COMARC, и за резултатот од проверката да го извести кандидатот. Доколку записите не се во согласност со правилата за каталогизација или со форматот COMARC, на известувањето мора да биде приложен список на грешки во записите. Кандидатот има право да ги поправи записите и да ги даде на повторно прегледување најмногу уште двапати.

  3. Доколку и по третата проверка Центарот ВБМ утврди дека записите не се во согласност со правилата за каталогизација и/или со правилата на форматот COMARC, кандидатот мора повторно да пристапи кон оспособување за заемна каталогизација, коe е задолжителнo за добивање дозволи и е пропишанo со програмите за обука на Центарот ВБМ, да креира нови 30 записи во тестната околина и повторно да ја започне постапката за добивање дозвола во согласност со точка (2).

  4. Целокупната коресподенција помеѓу кандидатот и Центарот ВБМ се одвива по електронска пошта.

  5. Откако записите ќе бидат во согласност со правилата за каталогизација и правилата на форматот COMARC, кандидатот може да пристапи кон проверка на знаењето пред комисија. Комисијата за проверка на знаењето ја сочинуваат стручни работници од НУБ од кои двајца се од Центарот ВБМ. Проверките на знањето се вршат според термински план кој е објавен на порталот Образование. Кандидатот се пријавува на проверката на знаењето со образец кој е достапен на порталот Образование. Пријавата од кандидатот Центарот ВБМ мора да ја прими најмалку десет (10) дена пред денот за проверка на знаењето, а одјавата најмалку три (3) дена пред денот за проверка на знаењето.

  6. Во текот на проверката на знаењето пред комисија кандидатот креира записи за три (3) монографски публикации по избор на комисијата, за што на располагање има најмногу 120 мин. Притоа, кандидатот може да ги користи прирачниците за работење во системот на заемна каталогизација COBISS.MK и за библиографска обработка на библиотечната граѓа. Комисијата е должна да ја провери соодветноста на креираните библиографски записи и за резултатот да го извести кандидатот во рок од 7 дена од денот на проверката на знаењето. По потреба комисијата го повикува кандидатот и на устен испит. Комисијата го оценува успехот на кандидатот со „положил“ или „не положил“, што членовите на комисијата го потврдуваат со потпис на записникот за проверка на знаењето.

  7. Доколку кандидатот не ја помине проверката на знаењето, има можност за повторна проверка на знаењето. Кандидатот се пријавува за повторна проверка на знаењето во согласност со точката (6). Ако кандидатот не ја помине проверката на знаењето и во вториот обид, мора повторно да пристапи кон оспособување за заемна каталогизација според програмата за обука на Центарот ВМБ, да креира нови 30 записи во тестната околина и повторно да ја започне постапката за добивање дозвола во согласност со точката (2).

  8. На лицето кое успешно ја поминало проверката на знаењето Центарот ВБМ му издава потврда за оспособеност за заемна каталогизација на монографски публикации и добивање дозвола за заемна каталогизација А.

 Дозволи за заемна каталогизација B1, B2, C или D 

  1. Постапката за добивање дозволи за заемна каталогизација B1, B2, C или D може да започне доколку кандидатот ги исполува следните услови:

  • има добиено дозвола за заемна каталогизација A
  • го завршил оспособувањето кое е задолжително за секој вид дозвола поединечно и е утврдено во програмата за обука за заемна каталогизација на Центарот ВБМ
  • во тестната околина на системот COBISS.MK самостојно креирал најмалку 10 библиографски записи за дозволата B1, B2, C или D.
  1. Натамошната постапка (пријава, проверка на записисте, проверка на знаењето) за секоја од дозволите B1, B2, C илие еднаква како и за дозволата A. Постапката се разликува во тоа што кандидатот на проверката на знаењето за дозволите B1, B2, C или D креира два записи, а проверкатa на знаењето за одделна дозвола трае најмногу 90 минути. Кандидатот може во еден ист дефиниран термин да врши проверка на знаењето за една или за повеќе дозволи.

 

Скратен преглед на активностите за добивање дозвола(и) за заемна каталогизација

Преглед на потребните активности за добивање дозвола за заемна каталогизација за монографски публикации:

  1. Завршен курс COBISS3/Каталогизацијапочетен курс
  2. Завршени задолжителни курсеви од основната обука за библиотечно работење (НУБ, одделение Матична дејност и развој на библиотекарството)
  3. Барање за отворање корисничко име во тестната база
  4. Доделено корисничко име и лозинка во тестната база (кандидатот е известен)
  5. Поднесено барање за добивање дозвола за заемна каталогизација на монографски публикации со потпишана изјава за самостојно креирани записи и со прилози:
  • копија на потврди за завршено високо образование (копија од диплома итн.)
  • копија од потврди за завршени курсеви од основната обука за библиотечно работење (НУБ, одделение Матична дејност и развој на библиотекарството)
  • испис на библиографските записи во формат COMARC
  1. Барањето е потполно, преглед на записи
  2. Тестните записи се соодветни, допис до кандидатот, дека може да пристапи кон испитот
  3. Пријава за испит
  4. Испитот е успешно завршен, кадидатот добива потврда за стекнување дозвола од категорија А за заемна каталогизација на монографски публикации во системот COBISS.MK

Преглед на потребните активности за добивање дозвола(и) за заемна каталогизација на составни делови, континуирани извори, некнижна граѓа и антикварна граѓа:

  1. Завршен курс COBISS3/Каталогизацијанапреден курс (услов за дозволите B1 и B2)
  2. Завршени курсеви за поединечен вид граѓа од основната обука за библиотечно работење (НУБ, одделение Матична дејност и развој на библиотекарството)
  3. Доделени привилегии по избор на кандидатот за поединечни видови граѓа во тестната околина (кандидатот е известен)
  4. Преглед на записи, тестните записи се соодветни, допис до кандидатот дека може да пристапи да полага испит
  5. Пријава за испит
  6. Испитот е успешно завршен, кандидатот добива потврда за стекнување дозвола(и) за заемна каталогизација од категорија B1, B2, C и/или D.

 

Датум на последна измена: 26. 3. 2019


Онлајн-евиденции

Пристап до регистрациите

Регистрирани корисници
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПОРТАЛОТ

Ваша е-пошта:

Лозинка:

Дали ви е потребна помош?

Телефон:
(02) 3230 151, лок. 200

Е-пошта: cobissizo@nubsk.edu.mk

© 1997-2024 IZUM | V 5.0.10