Воведни објаснувања
Управувањето со корисничките имиња и привилегиите е функционалност на порталот наменета
за регистрираните корисници кои истовремено имаат статус на администратори на локалните
апликации во библиотеката. Со користење на таа функционалност овие корисници во своите
библиотеки можат да отвораат нови кориснички имиња, а на постојните кориснички имиња
можат да им го менуваат статусот на активност, како и групата нивни привилегии.
Управувањето со кориснички имиња мора да се извршува со знаење на раководството на библиотеката.
Отворањето ново корисничко име и уредувањето на статусот се врши преку линкот
Кориснички имиња, а за уредување на привилегиите треба да се избере линкот Привилегии
за работење во системот COBISS.
Датум на последната измена: 20. 2. 2015